Утрински Весник
Економија
300x250 opst2

Домашната платежна картичка може да се користи и за онлајн купување на „Групер“

Домашната платежна картичка може да се користи и за онлајн купување на „Групер“
300x250 opst2

Сите купувачи, љубители на онлјна шопинг и попусти ќе може да ја користат домашната платежна картичка од кампањата на владата Купувам Домашно и на Групер.мк, каде може да се најдат преку 300 услуги и производи од македонски компании.

Покрај здлеки со попусти за убавина, ресторани, едукација, спортување и адреналински тури, купувачите може да купат и патувања за престој во некој од македонските хотели и вили од сите делови на земјата. Дополнително со домашната платежна картичка корисниците може да купуваат и производи од онлајн продавниците во склоп на Групер Шопинг Мол, произведени од македонски компании, како и да прават нарачки за достава на храна од скопските ресторани во склоп на услугата #ХранаДоДома.

Сите продукти кои се дел од кампањата се сместени и означени во посебен дел на сајтот со стикер Купувам Домашно каде лесно може да се пребарува по различни катетегории, а истите може да се купуваат и преку Групер мобилната апликација. Средствата од картичката купувачите може да ги искористат на ист начин како при онлајн плаќање со било која друга платежна картичка. Картичките може да се користат заклучно со 15 август.

Текстот Домашната платежна картичка може да се користи и за онлајн купување на „Групер“ е превземен од МАКФАКС.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Формирани четири нови групации во Сојузот на Стопански комори на Македонија

Мицкоски се сретна со српскиот премиер Мацут

ИСОС првпат на глобалната конференција за сметководствени стандарди