Утрински Весник
Македонија

Долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар повеќе активности за подобрување на инфраструктурата

Долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар повеќе активности за подобрување на инфраструктурата

Тетово, 21 февруари 2020 (МИА) – Тетовската секција на Јавното претријатие за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта (Македонија пат) извршува замена на делови од заштитната ограда како и расчитување на крупната вегетација и смет долж автопатот Скопје-Тетово-Гостивар. На потегот која е под надлежност на секцијата Тетово од Сарај до Жеровојане ќе се промени или санира жица од заштитната ограда во вкупна должина од 6000 метри.

– Досега имаме променето жица од оградата од вкупно 800 метри. Работата на промена или санација ќе продолжи во наредниот период како и во текот на летото се додека не се постави преостанатиот дел. Голем дел од оградата е уништена или оштетена поради кражби и несовесни постапки на поединци кои правеле штета на оградата, како и поради сообраќајни несреќи, изјави Дејан Јовановски од тетовската секција на јавното претријатие.

Паралелно со овие активности периодов се извршува чистење на крупната вегетација и сметот долж автопатот.

-Прво се расчистуваше вегетацијата делот Желино-Тетово, а сега и кон Гостивар. Се работи и на собирање на сметот. За жал за неколку дена повторно има смет бидејќи луѓето не се совесни и фрлаат смет од нивните возила, изјави Јовановски.

Во текот на годината тетовската секција на претријатието ќе учествува и во реконструктивни зафати. Ќе се работи на регионалните патишта Р1206 низ Боговиње, Р2234 потегот Јегуновце-Радуша, кај Орашје и Р1203 Тетово-Јажинце односно на потегот градски стадион-Порој во должина од 1300 метри. ас/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Седумнаесетта „Недела на јапонски филм“ во Скопје и Битола

НЕДЕЛНА АНАЛИЗА НА ВРЕМЕТО: До четврток стабилно, суво и претежно сончево, од петок 29 Ноември, нов влажен бран во Македонија!

Почнува кампањата „16 дена активизам против родово базирано насилство“