Утрински Весник
Македонија

Должниците на „Водовод и канализација“ – Скопје можат да ги платат долговите без камата, на рати

Должниците на „Водовод и канализација“ – Скопје можат да ги платат долговите без камата, на рати

Скопје, 27 мај 2020 (МИА) – Управниот одбор на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје донесе одлука со која изврши отпис на побарувања по основ на наплата на затезна, односно казнена камата по главен долг и трошоците на постапката кои произлегуваат од старите извршни судски предмети трансферирани/пренесени кај нотарите и извршителите, како и предметите кои се дадени за извршување за наплата на долгови пред извршителите заклучно со 31 декември 2017 година.

Согласно одлуката, како што соопшти, сите должници имаат можност главниот долг и трошоците по наведените предмети да ги платат без камата на рати, во зависност од висината на долгот.

-Сите дополнителни информации може да се добијат на телефонскиот број 02/3240-300 со избирање на бројот 3 (Правна служба) на главното мени, како и на kontakt@vodovod-skopje.com.mk и https://www.facebook.com/jpvodovod.skopje/, информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. мч/сст/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) „Ниту една повеќе“ протест против насилството врз жените и молкот на институциите

Турски државјанин повреден при извршување градежни работи на автопатот Гостивар – Кичево

СДСМ: Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се креатори на најтемниот партизациски мрак во историјата на државата