Речиси четири години по атентатот врз отуѓениот полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Ким Јонг Нам, нов документарец се обидува да го расветли дрското убиство на аеродромот и вмешаноста на двете млади жени обвинети за извршување на истиот.
Убиството на Ким Јонг Нам на меѓународниот аеродром во Куала Лумпур, Малезија, во февруари 2017 година беше фатено на зрнест снимка од видео надзор, емитувана ширум светот, но сепак многу детали сè уште остануваат мистерија.
Американскиот режисер Рајан Вајт помина двеипол години во истражување на случајот за документарецот „Атентатори“, кој ќе се појави во киносалите и дигитално во петок, 29 јануари.
Филмот се фокусира на двете жени – Индонезијката Сити Аисјах и Виетнамката Доан Ти Хуонг – кои беа обвинети за труење на Ким со размачкување на лицето со забранетото хемиско оружје VX и во еден момент се соочија со мандатна смртна казна во Малезија.
Адвокатите на одбраната тврдеа дека тие биле пиони во атентат организиран од севернокорејски агенти. Жените, наводно, мислеле дека се дел од реалити- шоу и не знаеле дека го трујат Ким.
Сити беше ослободена во март 2019 година откако малезискиот суд ги отфрли обвиненијата против неа.