Утрински Весник
Македонија

Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар позитивен на Ковид-19

Филипче: Не може со сигурност да се предвиди со која динамика и како ќе се шири коронавирусот

Скопје, 2 април 2020 (МИА) – Доктор од Психијатриската болница во Демир Хисар е позитивен на коронавирус. Тој е асимтоматски, меѓутоа имал позитивна семејна епидемиолошка анамнеза, направен е тестот и тој е позитивен. Направени се епидемиолошки анкети бидејќи бил во контакт со колегите од болницата и преземени се мерки, информира денеска на прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

– Заедно со психијатрите од Клиниката во Скопје ја организиравме работата во болницата во Демир Хисар со колегите психијатри од другите институции во Битола и Прилеп. До завршување на самоизолацијата, тие ќе бидат прераспределени во оваа болница. По потреба ќе бидат вклучени и психијатрите од Охрид, Кичево, Гостивар и Тетово. Сите пациенти на кои ќе им биде индициран хоспитален третман, ќе бидат упатени во другите центри – во Битола, Охрид или во Прилеп. Доколку има индикација за итност, Клиниката во кое било време во Скопје ќе ги прима тие пациенти, рече Филипче, додавајќи дека ќе се затвори и Центарот за ментално здравје во Прилеп што го управува Психијатриската болница во Демир Хисар.

Во изминатите 24 часа се направени 342 тестирања и регистрирани се 30 нови случаи со што вкупната бројка на дијагностицирани пациенти изнесува 384 лица. Според местото на живеење досега случаи се регистрирани во Скопје, Куманово, Дебар, Штип, Прилеп, Тетово, Струга, Велес, Битола, Охрид, Кавадарци, Гостивар, Гевгелија, Струмица, Крива Паланка и Кочани.

На Клиниката за инфективни болести хоспитализирани се 64 пациенти. Во изминатите 24 часа примени се шест нови пациенти. Осум се со потешка клиничка слика, а неколку пациенти се во сосема добра состојба и тие ќе се тестираат во следните неколку денови со цел да се анализираат состојбите и доколку се негативни во два наврата ќе бидат испишани. Истото веќе почна за 11 од вкупно 28 пациенти кои се наоѓаат на домашно лекување во Дебар. бак/мч/

 

 

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Переле пари и приредувале игри на среќа без лиценца: Кривична за сопружници од Штип, нивната ќерка и за уште едно лице

Георгиевски: Никогаш не сме биле толку блиску до ЕУ, треба да направиме само еден безболен чекор

Дурмиши: Пониски цени на над 600 производи за Нова Година