Утрински Весник
Македонија

Доктор Мирослав Бошковски од Куманово донираше крвна плазма за пациент заболен од КОВИД-19

Доктор Мирослав Бошковски од Куманово донираше крвна плазма за пациент заболен од КОВИД-19

Куманово, 23 јуни 2020 (МИА) – Доктор Мирослав Бошковски од Куманово, вработен во приватна здравствена организација, донираше конвалесцентна плазма за потребите на пациент заболен од КОВИД-19 од Ресен. Бошковски го видел апелот за донирање плазма на социјалните мрежи и бидејќи претходно и самиот ја прележал болеста се пријавил за донирање.

– Се бараше крвна група Б + и се одлучив да донирам. Се јавив и за 24 часа од телефонското јавување беа направени сите подготовки, беше земена крв, извршени анализи и беше дарувана и плазма, изјави доктор Бошковски.
Многу е потребно да се донира крвна плазма, која има исклучително значење за пациентите со тешка клиничка слика, апелира д-р Бошковски, кој инаку е претседател на локалниот огранок на Лекарската комора во Куманово. Тој ги повикува сите кои ја прележале болеста и доколку ги исполнуваат критериумите за донирање, кои можат да се видат на Институтот за трансфузиона медицина, да се јават и да донираат плазма која може да спаси нечиј живот.
Бошковски раскажа и за своето искуство од болеста. Се заразил во првата половина од април, поминал со средна клиничка слика, со малаксаност, замор, кашлица, температура, отежнато дишење. Тој бил хоспитализиран и во Кумановската општа болница 17 дена.
– Се чувствувам добро, дарувањето плазма е исто како и секое нормално редовно крводарување. Ги повикувам сите кои се чувствуваат подготвено, кои ги исполнуваат условите да даруваат, апелираше Бошковски.
Бошковски единаесет години работи како матичен лекар во ПЗУ „Доктор Горан Денковски“ во Куманово и пет години е специјализант по интерна медицина на Медицинскиот факултет во Скопје. ам/мд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по нашата консолидација

Директорот на затворот Шуто Оризари вели нема шанси Кешишев и Палчо да размениле писмо

Одбиени 10 амандмани на амадманската расправа за Предлог-буџетот за 2025 година