Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Доктор Леши се пријави да им помогне на своите дебрани

Dokt.leshi
Img 7972

 

Дебар, 24 март 2020 (МИА) – Доктор Алберт Леши, директор на Ургентениот хируршки центар, кој е дел од ЈЗУ УК за ТОАРИЛУЦ-Скопје доброволно се пријавил да им помогне на своите дебрани, јави порталот „Ќутети и Дибрес“.

-Како лекар, чувствував морална обврска да го сторам тоа и се јавив да заминам како лекар-волонтер во Дебар, град од каде потекнувам и град во кој беше регистрирано првото жариште на Ковид – 19 во државава, пишува докторот.

Леши е специјалист по анестезиологија со интензивно лекување.

-Со моето знаење и способност, подготвен сум да им помогнам на сите пациенти кои имаат потреба од третман со механички вентилатор, односно третман на пациенти со најкритична состојба, наведува доктор Леши.

Инаку, докторот е роден во Дебар каде и израсна, а во градот се уште е неговото потесно семјство, родителите, кои се познати просветни работници и неговиот брат. вт/вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Никој во Кочани не може да оди со крената глава, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

Филипче од Виница: Македонија е претпоследна во Европа по минималната плата

Мицкоски: Едно од главните ветувања минатата кампања беше ДУИ во опозиција и ако продолжат вака нереформирани уште долго ќе останат таму