Утрински Весник
Спорт
Img 7972

Докторот го фалсификувал потписот на Марадона

Докторот го фалсификувал потписот на Марадона
300x250 opst2

Истрагата за смртта на Диего Марадона докажала дека неговиот доктор, Леополдо Луке, ги фалсификувал потписите во клучните медицински документи. Марадона почна во ноември минатата година, а аргентинските власти веднаш покренаа истрага, која треба да ги открие причините за смртта на еден од најдобрите фудбалери на сите времиња.

Луке го фалсификувал потписот на Марадона за да можел да има пристап до неговиот медицински картон.

„Пронајдовме три фалсификувани парчиња хартија, еден до друг. Тоа беше толку очигледно. Стручњаците ги потврдија нашите сомнежи, потписите биле фалсификат“, рекол еден од истражителите.

Луке, веднаш по смртта на Марадона, одржа прес-конференција, на која низ солзи на новинарите им раскажал дека легендарниот фудбалер одбивал да ја прима препишаната терапија.

> Докторот го фалсификувал потписот на Марадона <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Барди со мајсторски потег ја спаси вечерта – Македонија ремизира со Казахстан!

Барселона ќе ја чека пекол во Битола – влезниците продадени за осум минути

Арената се полни, Македонија ќе го пречека Казахстан пред полн стадион