Утрински Весник
Македонија

Доколку тестот стане задолжителен за патување во странство, државата има капацитет да го спроведе

Доколку тестот стане задолжителен за патување во странство, државата има капацитет да го спроведе

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Земјата има капацитет да спроведе тестирања кај оние што ќе сакаат да патуваат доколку се донесе таква одлука да биде потребен тест за патување надвор од земјата, рече министерот за здравство Венко Филипе во одговор на новинарско прашање на денешната прес-конференција.

-Постои начин да се направи тестирање. Работиме на еден систем на брзи тестови кои го идентификуваат вирусот, а апратот го има во неколку јавни здравствени уставно и институции.Резултатот стигнува за еден час. Ако тоа е наша заедничка одлука може да го спроведеме, изјави Филипче.

Во однос на отворање на границите рече ќе почекаме да се официјализира документот со Грција, па да зборуваме конкретно за начинот на патување.скс/бк/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МВР со апел до граѓаните: Да не отвораат линкови од СМС пораки

Лукаревска: СДСМ предлага 934 милиони денари поддршка за семејствата на загинатите и повредените во Кочани

Јаневска: Во изминатите седум години имаме 17.000 ученици и 7.000 студенти помалку