Утрински Весник
Свет

Дозите на „спутник“ произведени во Италија ќе се најдат на пазарот најрано на крајот на годината

Дозите на „спутник“ произведени во Италија ќе се најдат на пазарот најрано на крајот на годината

Дозите на руската вакцина „спутник В“ против Ковид-19 произведени во Италија од фармацевтската компанија „Адиен фарма и Биотек“ нема да бидат достапни на пазарот барем до крајот на 2021 година, објави новинската агенција ТАСС.

Државниот фонд на Москва потпиша договор со „Адиен“ оваа недела, кој ќе мора да биде одобрен од италијанските регулатори пред да започне производството.

Исто така беше објавено дека се постигнати договори со производствените капацитети во Шпанија, Франција и Германија.

Договорите за производство се најновиот показател дека некои компании би можеле да ги остварат своите планови без да чекаат регулаторот на Европската унија, Европската агенција за лекови (ЕМА) да го одобри „спутник В“.

„Компанијата нема да ја произведува серијата за продажба до крајот на 2021 година“, беше цитиран од ТАСС Антонио Франческо ди Наро, претседател на лугански „Адиен“.

Ди Наро рече дека компанијата сепак мора да го заврши процесот на размена на технологија за производство на „спутник В“, да го тестира неговото производство и да ги пренесе податоците на националните регулатори пред да започне продажбата на вакцината.

 

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Спречен заговор за убиство на Орбан

Камион се преврте врз цивили кои чекаа помош во Газа, најмалку 20 мртви

Трамп: Сакам повторно да се кандидирам, но веројатно нема да го сторам тоа