Утрински Весник
Македонија

Дожд и снег на планините

Дожд и снег на планините
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 20 февруари 2020 (МИА) – Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и ќе ги има само во јужните делови. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, а дневната температура значително ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од нула до 6, а дневната од 2 до 10 степени.

Во Скопје претпладне со врнежи од дожд кои во попладневните часови ќе престанат. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 5, а дневната ќе достигне до 9 степени.

Во следните денови времето ќе биде стабилно со пораст на дневната температура и со умерен, а во сабота и засилен северен ветер.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Скопјанец ја натепал поранешната девојка удирајќи ја по главата и телото, па ја исфрлил од кола туркајќи ја меѓу столбчиња

Пензионерите од Кавадарци добиваат бесплатен превоз

МВР расчисти вкупно 12 случаи на „измама“, од слобода е лишена 23-годишна скопјанка