Утрински Весник
Македонија

Дождот ги полни акумулациите во Струмичко

Дождот ги полни акумулациите во Струмичко

Струмица, 11 март 2020 (МИА) – Малите хидроакумулации во Струмичко преливаат, а големите интензивно се полнат по последните обилни врнежи од дожд, информира Лазо Ѓоргиев, директор на АД „Водостопанство на Македонија“ – Подружница „Струмичко Поле“ од Струмица.

– Засега прелива акумулацијата „Новоселка“, а на „Иловица“ и „Маркова Река“ им недостасуваат неколку санитеметри за да прелијат и тие. Покрај нив интензивно се полни најголемата хидроакумулација „Турија“, во која само за една седмица дотекоа над еден милион и двесте илјади метри кубни вода. Во неа сега има над 21 милиони кубни метри вода, а нивото на „Водоча“ е зголемено за три сантиметри, вели директорот Ѓоргиев.

Тој додава дека од „Турија“, градот Струмица троши меѓу пет и шест милиони кубни метри вода за пиење, а за наводнување се користат 12 милиони кубни метри вода, што значи дека за цела година веќе има собрано вода во најголемата хидроакумулација.

Од акумулацијата „Водоча“ годишно се трошат шест милиони кубни метри вода, а од вкупниот капацитет од скоро 27 милиони кубни метри вода досега се собрани околу 15 милиони. рт/фф/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме