Утрински Весник
Македонија

Дождовите ја заматија водата од регионалниот водовод Лукар, задолжително превривање пред пиење

Прекин на водоснабдувањето на дел од ул.Методија Андонов Ченто во Гази Баба

Кавадарци, 5 март 2020 (МИА) – Задолжително треба да се преврива пред употреба за пиење водата од регионалниот водовод „Лукар“ бидејќи  е заматена и нема присуство на резидуален хлор, поради обилните  дождови и наглото топење на снегот од планината Кожуф, укажува одделението на Центарот за јавно здравје во Кавадарци.

– Денешните мерења на резидуален хлор во водата покажаа негово отсуство,  а тоа ни е показател за хлорирање на водата за пиење. Дадовме налог до комуналното преторијатие  да се зголеми дозирањето  на хлор во хлораторната  станица. Зедовме и дополнителни  мостри од водата за пиење за анализа, појасни Трајче Ризов, раководител и лекар специјалист по хигиена во кавадаречкото одделението за јавно здравје Кавадарци.

Тој потсети дека од водата која се носи педесетина километри од планината, пијат 60-ина илјади жители од три општини во Тиквешијата. Кавадарци, Неготино и Росоман. Таа ќе мора да се преврива, се додека надлежните институции не кажат поинаку.свд/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Нема толеранција за тие што го сакатат високото образование, порача Мицкоски

Со „голф“ удрил во бетонски столб, повредени две лица

Три жени во Скопје нападнати од своите сопрузи во последните 24 часа