Утрински Весник
Македонија

Дождовите ја заматија водата за пиење во Кавадарци и Демир Капија, да се преврива пред употреба

Прекин на водоснабдувањето на дел од ул.Методија Андонов Ченто во Гази Баба

Кавадарци, 6 април 2020 (МИА) – Дождовите ја заматија водата за пиење во Кавадарци и Демир Капија, се препорачува таа да се преврива пред употреба.

-Од Центар за јавно здравје Кавадарци стигна известување дека поради долготрајните врнежи е предизвикано заматување на водата. Затоа се молат граѓаните пред употреба задолжително да се преврива, се до воспоставување на нормална состојба, информираат од кавадаречкото Јавно претпријатие ,,Комуналец”.

Од Јавното комунално претпријатие ,,Бошава” ги известуваат сите граѓани на Демир Капија и околните села, водата за пиење во наредните неколку дена да се преврива, поради можно заматување на водата од поројните дождови.

– Ова известување е превентивно, се додека не пристигнат меродавните хемискофизички анализи од Центарот за јавно здравје, за што ќе следи благовремено известување, информираат од демиркапиското комунално претпријатие.свд/см/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

МНР со апел до македонските граѓани да избегнуваат патувања кон Блискиот Исток

Таравари: Разочаран сум што ВРЕДИ од прекрасен проект се претвори во неуспешен обид

Отпад гореше во близина на Куманово, црн чад го прекри градот