Утрински Весник
Свет

Додик пуштен од болница по двoнеделна битка со коронавирусот

Додик пуштен од болница по двoнеделна битка со коронавирусот

Претседателот oд претседателството на БиХ, Милорад Додик, е пуштен од Клиничкиот центар во Бања Лука, каде ги помина последните 16 дена поради инфекција со коронавирус. Тој ќе се префрли на домашно лекување.

Се очекува тој напладне да и се обрати на јавноста за да ги сподели своите искуства од двонеделното лекување.

Додик беше хоспитализиран на 21 декември, по што му беше дијагностицирана пневмонија на двете белодробни крила, а и третиот тест за Ковид-19 беше позитивен.

Тој имаше потешкотии со дишењето и болки во стомакот.

Сепак, неодамнешниот нов тест се покажал негативен.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

САД го преместуваат носачот на авиони на Блискиот Исток

САД почнаа да продаваат нафта од Венецуела, до сега инкасирале 500 милиони долари

Медведев: Европјаните ќе се фатат за рака и ќе го напуштат Гренланд