Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Додик: Во Сребреница немало геноцид, спремен сум да одам во затвор за одбрана на овој став

Додик: Во Сребреница немало геноцид, спремен сум да одам во затвор за одбрана на овој став
Img 7972

Милорад Додик изјави дека никогаш нема да ги прифати наводите дека во Сребреница се случил геноцид и дека е подготвен да оди во затвор заради одбрана на тој став.

„Попрво би одел во затвор отколку да признаам нешто што не се случило, а тоа е наводниот геноцид во Сребреница. Таа приказна за наводниот геноцид стана актуелна во 2002 година, седум години по настанот. Одеднаш тоа се актуелизира и сега наводно сѐ се знае. Вистината е една – немаше геноцид“, рече српскиот член на претседателството на БиХ.

Тој посочи дека извештајот на Независната меѓународна комисија за Сребреница, предводена од Гидеон Грајф, сменил многу работи и дека вистината е една – дека немало геноцид.

„Независната меѓународна комисија одговори најдобро на сето тоа и навистина треба да се искористи затоа што е систематизирано од луѓе чие знаење, но и авторитет, е неспорно. Значи, во тој поглед, овој извештај многу менува“, рече Додик.

Можете да прочитате

Најмалку 15 луѓе загинаа при лизгање на земјиштето во Индија

Поради израелската блокада на болниците во Појасот Газа бебињата делат маски со кислород

Тунберг му одговори на Трамп: И ти страдаш од проблеми со агресија