Утрински Весник
Македонија

Доделени 78 милиони денари за организирање и реконструкција на јавните површини во Клинички центар

Изградбата на новиот Клинички центар треба да почне во текот на зимата
Dik 300x250 mk

Скопје, 1 април 2020 (МИА) – Владата додели 78 милиони денари за организирање и реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“, Скопје со цел обезбедување на поефикасно функционирање и укажување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на пациенти заболени од коронавирусот и непречено функционирање на останатите клиники во Клиничкиот центар во услови на зголемен обем на работа за време на вонредна состојба.

– Според Член 2 од оваа Уредба, финансиското учество на Владата е за трошоци за реконструкцијата на улици и тротоари, пробивањето на нови влезови, одвојување на автомобилскиот и пешачкиот сообраќај и непречено движење на интерхоспиталните и интервентните возила и возилата на Итна медицинска помош, докторите и пациентите на клиниката, како и расчистување на јавните површини на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ Скопје, информираат од владината прес-служба.

Средствата утврдени со оваа уредба Министерството за финансии ќе ги префрли на Град Скопје, кое ја реализира реконструкција на јавните површини во просторот на Клинички Центар „Мајка Тереза“ Скопје, во координација со Јавните претпријатија основани од Градот Скопје. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Несреќата кај Плетвар во која загинаа две лица се случила при претекнување, соопшти Обвинителството

Плетвар црна сообраќајна точка – Доктор Лазаров сведок на страшната несреќа: 15 години лекар, вакво нешто немам видено

Издавачката куќа Бегемот објави нов роман од реномираниот новинар Ѕвездан Георгиевски!