Утрински Весник
Свет

Договорот меѓу ОАЕ и Израел ќе биде потпишан во Белата куќа следната недела

Договорот меѓу ОАЕ и Израел ќе биде потпишан во Белата куќа следната недела

Израел и Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) планираат да потпишат договор за нормализација на односите во Белата куќа на 15 септември, соопштија американските власти.

Делегациите од двете нации најверојатно ќе ги предводат израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за надворешни работи на Емиратите, Мохамед бин Зајад, велат анонимни претставници на Белата куќа за Асошиејтед прес.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе биде домаќин на настанот.

Израелскиот „Ченл 12 њуз“ објави во понеделникот дека во тек се преговори меѓу ОАЕ, САД и Израел за организирање на голема церемонија за потпишување во Вашингтон на 22 септември во присуство на Трамп, Нетанјаху и престолонаследникот на ОАЕ, Мохамед бин Зајед.

На 13 август, ОАЕ и Израел објавија договор за нормализирање на односите со посредство на САД, вклучително и отворање амбасади.

Палестинските власти и фракциите на отпорот го осудија договорот, велејќи дека тој не ѝ служи на палестинската кауза и ги игнорира правата на Палестинците.

Палестинските власти соопштија дека секој договор со Израел треба да се заснова на Арапската мировна иницијатива од 2002 година врз принципот „земја за мир“, а не „мир за мир“, како што тврди Израел.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Драма на аеродромот во Анталија, авион се запали – евакуирани 79 патници

Сибиха бара партнерите да и обезбедат на Украина системи за пресретнување на ракетите Орешник

Будистички манастир под истрага: 41 тело откриено во Тајланд