Утрински Весник
Спорт

Договорот за продажба на Њукасл пред неуспех, саудискиот принц се врти кон Рома

Њукасл ќе гради силен тим со парите на новите сопственици

Лондон, 15 мај 2020 (МИА) – Навивачите на Њукасл наскоро ќе доживеат ново разочарување откако договорот да се продаде клубот на саудиски инвеститори е на работ на неуспех, информира „Мирор“. За „црно-белите“ е заинтересиран престолонаследникот на Саудиска Арабија, Мохамед бин Салман, а вредноста на клубот беше проценета на 300 милиони фунти.

Документите за договорот беа доставени на одобрување до раководството на Премиер лигата пред повеќе од пет месеци, по што, сепак, имаше затишје заради големото јавно незадоволство.

Саудиска Арабија е обвинета за злоупотреба на човековите права. Клубовите исто така не се ентузијасти за појава на ново лице на фудбалскиот пазар.

Според публикацијата, ситуацијата е на пат да ја искористи италијанска Серија „А“, а особено тимот на Рома. За претседателот на „волците“, Џејмс Палота се шпекулира дека контактирал со Саудијците за да им го понуди тимот.

За таа цел, Американецот ги искористил услугите на инвестициската банка „Голдман Сакс“, каде се свесни за тешкотиите на принцот на Островот и му понудиле опција со Рома.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност