Утрински Весник
Македонија

Договорени приоритети за надминување на алармантната состојба со Преспанското Езеро

Договорени приоритети за надминување на алармантната состојба со Преспанското Езеро

Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини одржа работна средба со градоначалникот на општина Ресен Живко Гошаревски заради алармантната состојба со Преспанското Езеро.

На средбата беа разгледани можностите за забрзување на активностите и на национално и на меѓународно ниво. Со оглед на спецификата на Преспанското Езеро чии води ги делиме со Грција и Албанија, како и неговата уникатна природа и поврзаност со Охридското Езеро и реката Црни Дрим, заеднички е ставот дека е потребен комплексен пристап заснован на научни сознанија.

Договорено е итно да се стави во функција работната група за чие формирање изминатиот период од страна на МЖСПП се направени консултации со повеќе засегнати страни, пред се стручните лица во областа, како и претставниците на општините и невладините организации со докажани резултати во Преспанскиот регион. Исто така, договорено е истражување и вклучување на земјоделскиот сектор кој има потенцијално големо влијание во овој регион. Во таа насока, веќе е иницирано вклучувањето на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за што е договорена и заедничка посета на Преспа наредната недела.

Клучен фактор за успешно справување со прашањето останува интензивирањето на активностите за завршување на процесот на формирање на трилатералниот комитет за Преспа Паркот, за кој штотуку беа номинирани членовите од македонската и грчката страна, а номинацијата од Албанија е во тек. Министерот се заложи за поинтензивна комуникација со неговите колеги од двете држави заради побрзо отпочнување на прекуграничната соработка за заштита на Преспа.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Скопје никако да се спаси од загадувањето, повторно во топ 10 најзагадени градови во светот!

Д-р Јовановски на подкаст ЗРАК: Има различни методи на реконструкција по мастектомија

Кузмановска: Хема – Онко нуди поддршка за лицата заболени од канцер