Утрински Весник
Економија

Договорена откупната цена на зелката до 20 април од минимум 15 денари за килограм

Договорена откупната цена на зелката до 20 април од минимум 15 денари за килограм

Скопје, 31 март 2020 (МИА) – Откупната цена на зелката до 20 април ќе биде минимум 15 денари за килограм, ова денеска беше договорено на состонакот на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димовски со откупувачите на зелка.

Како што соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, ваквата одлука е поради вонредната состојба и последиците од појавата на коронавирусот врз секторот земјоделство.

– Државниот инспекторат за земјоделство, во овој период ќе врши засилени контроли, со цел да нема манипулиции со договорената минимална цена. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е во постојана комуникација со производителите, откупувачите и извозниците на сите земјоделски производи, со цел да има непречен извоз, се наведува во соопштението.

Министерството потенцира дека како и досега, продолжува да ја следи состојбата со коронавирусот и последиците врз земјоделскиот сектор и доколку има потреба ќе се наоѓаат решенија преку интервентни мерки, а со цел да се заштити земјоделството. сп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

СДСМ: Мицкоски е како Луј XIV – народот едвај преживува а власта се гоштева

Левица: Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува

Миноски: Фискалната одржливост – третиот столб на економската отпорност на Македонија