Утрински Весник
Македонија

Договорена интензивна комуникација меѓу Северна Македонија и Германија

Договорена интензивна комуникација меѓу Северна Македонија и Германија

Премиерот Димитар Ковачевски оствари средба со д-р Валтер Дефа, специјален советник за економски политики на премиерот, номиниран од канцеларијата на германскиот канцелар, кој бил присутен на состанокот заедно со германската амбасадорка Анке Холштајн.

Како што информираат од владината прес-служба, на состанокот биле изразени честитки за мандатот на премиерот Ковачевски и било посочено на големата и искрена поддршка од Германија за евроинтеграциските и за развојните процеси на нашата држава.

„Фокусирани сме на решавање на енергетската ситуација, како и на социјалниот дијалог, преку кој ја покачивме минималната плата на 18.000 денари, а сега работиме и на планираното зголемување на пензиите. За нас како Влада, од клучно значење е унапредување на животниот стандард на граѓаните. Развојот на економијата се постигнува преку инвестициите и иновациите и исто така продолжуваме со структурните реформи и со посветеноста кон нивна ефикасна имплементација“, рекол Ковачевски.

На средбата на премиерот и германскиот советник била договорена интензивна комуникација и средби на кои ќе се разгледуваат мерливи резултати од предвидените динамични активности.

Можете да прочитате

Владата нема да ги толерира триковите на трговците ако ги зголемат цените без основа

Левица: Откривме рекетарска шема во Пробиштип, се кратат 10% од платите на рударите за приватни бизниси на ВМРО-ДПМНЕ

Будно се следи состојбата меѓу Израел и Иран – Владата активира и кризен штаб во МНР