Италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи ди Мајо вети денеска во Москва да го продолжи дијалогот меѓу Русија и Европска Унија.
Ди Мајо изјавил дека Италија е свесна за сите разлики што некогаш биле големи и длабоки меѓу Русија и Европската Унија, пренесува АНСА.
„Тоа се разлики што се јавуваат и на билатерален план, за што ќе имам можност да разговарам со министерот Лавров подоцна за време на состанокот“, рече Ди Мајо во Москва, каде што престојува во официјална посета на Русија.
Италија, рече тој, останува кохерентна во својот традиционален пристап и, од една страна, не се откажува од принципите на меѓународното право и почитувањето на човековите права, додека, од друга страна, е насочена кон одржување отворени канали за комуникација, дијалог и соработка со Руската Федерација.
„Мојата посета (на Русија) е значајна потврда за тоа“, истакна Ди Мајо.
Денес во Москва се одржува состанок на меѓувладиниот руско-италијански комитет за финансиска, индустриска и економска соработка