Утрински Весник
Свет

Ди Мајо: „Потребна ни е дипломатска контраофанзива“- Италија презентира план за мир во Украина

Италија разви план за постигнување мир во Украина, изјави италијанскиот министер за надворешни работи Луиџи Ди Мајо, пренесуваат локалните медиуми.

Првата цел, како што пишуваат е прекин на борбите во некои области, потоа прекин на огнот, преговори за неутралност и конечно, мировен договор.

„Сега ни треба дипломатска контраофанзива“, изјавил Ди Мајо за „La Stampa“, нагласувајќи ја потребата од координирани меѓународни напори.

Планот, развиен од дипломати и италијанската влада, бил претставен пред преговарачите од индустриската групација Г7, изјавил Ди Мајо. Тој разговарал и со генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш.

Според написите, Ди Мајо, сепак, е песимист за преговорите со Русија. „Не сакам да испаднам дека сум злобен пророк, но не гледам дека се водат никакви преговори“, кажал тој.

Можете да прочитате

Зеленски: САД дава сигнали за продолжување на мировните преговори со Русија

Белорусија ослободи 250 политички затвореници

Русија најавува помош за Куба во услови на блокада