Утрински Весник
Магазин

Ди Каприо ја импровизирал една од најпознатите реплики во „Титаник“

Ди Каприо ја импровизирал една од најпознатите реплики во „Титаник“
Dik 300x250 mk

Нема сомнение дека блокбастерот на Џејмс Камерон од 1997 година, „Титаник“, е ремек-дело. Тричасовниот класик отсекогаш има ист ефект врз луѓето 23 години подоцна и тешко би било да се замисли поинаку, па дури и една поинаква реченица од филмот.

Филмот, кој заработи над 2 милијарди долари на киноблагајните, никогаш нема да остари, а љубителите на потресни трагични сцени секогаш ќе цитираат реплики од култниот филм.

Режисерот Џејмс Камерон неодамна откри дека познатите зборови на Леонардо ди Каприо – „Јас сум крал на светот!“ – воопшто не биле во сценариото и биле целосно импровизирани од Ди Каприо за време на снимањето, пишува порталот „Инсајдер“.

Сцената во која Ди Каприо (Џек) и неговиот пријател Фабрицио стојат на врвот на палубата на бродот гледајќи како скокаат делфините во брановите и кога Џек извикува дека е крал на светот е сцена што отсликува среќа и радост при патување на брод во нова земја, но исто така ја претскажува страшната судбина на бродот.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Зошто првиот оброк по породувањето е толку сладок?

Необична пресуда во Франција: Сопственичка на маче казнета со 1.250 евра

Четири грешки во кујната што ја намалуваат хранливата вредност на вашите оброци