По објавата на војводата и војвотката од Сасекс дека Меган е бремена со второ дете, веќе се вртат шпекулации и обложувања кај британските букмејкери за името на новиот член на нивното семејство.
Придржувајќи се на преседанот „А“ поставен од нивното прво дете, Арчи Маунтбатен-Виндзор, „Мејл онлајн“ објави дека Алфи и Александра се актуелни фаворити според британската обложувалница „Ледброукс“, и двете со коефициент 4-1.
Алекс Апати од „Ледброукс“ изјави: „Големи честитки за Хари и Меган за веста за бременоста – секако целото внимание сега ќе се сврти кон играта со името, а како што стојат работите, Алфи и Александра водат во обложувалниците… Арчи беше модерен пресврт на традиционалното име, па затоа не е изненадување што Чарлс / Чарли се исто така горе на листата со коефициент 5-1“.
Како и Чарлс, што би било изразување почит за таткото на принцот Хари, други имиња во игра се Елизабета и Филип, бабата и дедото на принцот Хари, обете со коефициент 6-1.
Името Дијана, како почит за покојната мајка на Хари, има неверојатен коефициент од 10-1.
Војводата и војвотката од Сасекс со нивниот син, Арчи.