Утрински Весник
Спорт
300x250 opst2

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф

Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф
300x250 opst2

Ливерпул го мина четвртото коло на ФА купот, откако на „Енфилд“ со три гола во второто полувреме стигна до 3:1 победа над Кардиф за да обезбеди дуел со Норич во наредното коло. За одбележување беше дебито на новото засилување, Колумбиецот Луис Дијаз, кој дебитираше со асистенција при вториот гол на „црвените“.

По лошото прво полувреме, Ливерпул дојде во водство во 53. минута кога по одличната асистенција на Трент Александер-Арнолд, Диого Жота ја продолжи голгетерската серија. Дијаз, кој дојде од Порто во зимскиот преоден рок, влезе во игра во 58. минута и десет минути подоцна му асистираше на Такуми Минамино за 2:0, за во 76. минута, Харви Елиот да зголеми на 3:0. Честа на гостите ја одбрани Рубин Колвил, кој во 80. минута ги постави конечните 3:1.

> Дијаз дебитираше со асистенција, Ливерпул во второто полувреме ги „скрши“ Кардиф <

Можете да прочитате

Македонските одбојкари во група со Бугарија, Полска, Украина, Португалија и Израел

Дарио Ивановски е победник на Скопскиот маратон

ПМФЛ: Прв бод за Шкупи во новата сезона, нерешено и во Струмица