Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Дијабетичарите бараат непречено функционирање на Центрите за дијабетес во услови на Ковид-19

Дијабетичарите бараат непречено функционирање на Центрите за дијабетес во услови на Ковид-19
Img 7972

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара непречено функционирање на Центрите за дијабетес во услови на Ковид-19.
Тие укажуваат дека пациентите со дијабетес имаме потреба од редовни прегледи и контроли.

„Согласно моменталната состојба со Ковид-19 свесни сме дека одреден број на пациенти не се во состојба за преглед со физичко присуство и за таа група на пациенти ја поздравуваме можноста за издавање на електронски рецепт, како што впрочем се одвива непречено процесот тековно. На ваков начин се обезбедува континуитет во достапноста на потребната терапија, што е мандаторно за нашата добра здравтсвена состојба. Но, да не заборавиме дека меѓу нас има и пациенти кои се со влошени резултати и кои имаат потреба од редовни посети во центрите за дијабетес.

Знаејки го ова, како национална пациентска организација, укажуваме дека имаме потреба од непречено функционирање на сите центри за дијабетес.Она што е за нас прифатлим минимум, за квалитетна дијабетолошка грижа, во оние градови каде имаме неповолна епидемиолошка слика со Ковид-19, е центрите за дијабетес да функционираат нормано (тим интернист/сестра) минимум три дена од пет работни денови со термини за редовни прегледи. Во сите останати денови од работната недела имаме потреба дијабетолошките сетри да бидат на своето работно место во центрите за дијабетес.
Во оние градови каде што не постои влошување на ситуацијата со Ковид-19 очекуваме центрите за диајбетес да функционираат непречено во тек на цела работна недела“, се вели во соопштението.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сериозен дефект во Влае санацијата одложена за утре поради недостиг на луѓе и машини

Манчев: Инвестираме во младите, во план се две детски градинки, како и повеќенаменски спортски игралишта во повеќе населени места

Филипче од Берово: Се случуваат големи отпуштања на вработени, а ветија нови работни места