Дијабетичарите по прогласувањето на пандемијата со Ковид-19 во земја, соооштија дека се исправени пред многу предизвици. Сојузот кој ги обединува сите лица со дијабетес, соопшти дека во овие тешки услови се обидува да даде сѐ од себе за регулирање на основната состојба – дијабетесот, но и да не дозволи да се развијат компликации или пак тие да се влошат.
„Лицата со дијабетес чувствуваат несигурност за тоа како да го продолжат лекувањето на компликациите од дијабетесот, па во овој контекст и лекувањето на компликациите по видот заради честотата на дијабетичната ретинопатија. Испраќаме апел за поддршка во третманот на дијабетичната ретинопатија со терапијата aflibercept кои од минатата година успешно ги воведовте како третман на лицата со дијабетес, бидејќи од почетокот на кризата во март не сме во можност да ја примиме оваа терапија на Клиниката за очни болести, а не гледаме ниту можно решение по претворањето на Клиниката во ковид – центар овие денови.
Ако не постои повеќе можност да ја примиме оваа терапијата која го зачувува видот, а за што е неопходно континуирано лекување кои ќе спречат уште поголеми оштетувања на веќе ослабениот вид кој може да прогредира и до спепило, би сакале да Ве запрашаме кој е планот за ова? Дали сепак еден дел од Клиниката ќе остане доследна да ни ја аплицира терапијата во очи, како што се аплицира терапија и на други клиники за други болести или пак решение барате во пренасочување на ова лекување во други институции? Ниту една друга терапија не ни била оневозможена во сиот овој период, како оваа, а видот е засегнат кај речиси секој трето лице со дијабетес. Секој следен ден без терапија го зголемува повеќекратно ризикот за влошување на видот, па стравот и разочарувањето од можно слепило расте. Не сме сите во можност да ги покриеме трошоците за лекување во приватните институции, доколку истите не ни ги рефундирате“, се вели во соопштението.