Утрински Весник
Свет

Директорот на ЦИА: Русија би можела да употреби нуклеарно оружје

Директорот на ЦИА: Русија би можела да употреби нуклеарно оружје

Директорот на ЦИА, Вилијам Барнс, изјави дека Русија потенцијално би можела да користи тактичко или нуклеарно оружје со ниски перформанси во Украина и дека таквата закана не смее да се игнорира, и дека истата ја зголемува загриженоста.

„Со оглед на потенцијалниот очај на претседателот Путин и руското раководство, со оглед на ќор-сокакот со кој се соочуваа досега на воен план, никој од нас не може лесно да ја земе заканата од потенцијалното прибегнување кон тактичко или нуклеарно оружје со ниски перформанси“, рече тој.

„Знам дека претседателот Џо Бајден е длабоко загрижен за избувнувањето на Третата светска војна, за избегнувањето да дојде до прагот каде, знаете, нуклеарниот конфликт станува возможен“, рече Барнс.

Русија има многу тактичко нуклеарно оружје, кое е помалку моќно од нуклеарните бомби фрлени од САД врз Хирошима за време на Втората светска војна.

Можете да прочитате

Разбиена европска мрежа за крипто измами што испрала повеќе од 700 милиони евра

Путин тврди дека Русија е подготвена да го заземе цњл Донбас со сила

Турција ја гради првата домашна подморница