Утрински Весник
Свет

Директорот на СЗО: Пандемијата нема да заврши никаде додека не заврши насекаде

Директорот на СЗО: Пандемијата нема да заврши никаде додека не заврши насекаде

Светската здравствена организација (СЗО) предупреди дека и покрај падот на бројот на заболени и починати од коронавирус на глобално ниво, и поголем број вакцинирани во одредени земји, пандемијата не е завршена.

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, на брифинг во Женева изјави дека има забележителен пад на починати и заболени втора недела по ред, но предупреди дека во побогатите земји се развива свест дека пандемијата е завршена затоа што имаат голем број вакцинирани, додека во другите делови на светот ситуацијата е сериозна.

„Пандемијата на Ковид 19 е далеку од завршена и нема да заврши никаде додека не заврши насекаде“, вели директорот на СЗО.

Тедрос предупредува дека новите варијанти, слабите здравствени системи, половина од примената на мерките за заштита, како и недостатокот на медицински средства и вакцини ја влошуваат состојбата во посиромашните земји. Ова, како што појаснува, ја компромитира набавката на вакцини на глобално ниво и подвлекува дека наскоро во програмата Ковакс ќе останат без вакцини.

Програмата за дистрибуција на вакцините до сиромашните земји се потпираше на вакцините од Институтот за серум во Индија, кој ја произведува вакцината на „Астразенека“. Но, многу од овие вакцини нема да излезат од Индија затоа што им се потребни на тамошните луѓе кои се борат против вирусот.

Шефот на СЗО предупреди дека Ковакс ќе има 190 милиони дози помалку од планираното до крајот на јуни и дека досега се испорачани 65 милиони дози во 124 земји. Но, Ковакс и натаму зависи од земјите донатори и од исполнувањето на обврските од страна на производителите за обезбедување вакцини.

Тедрос рече дека производителите на вакцината на „Астразенека“ полека ги зголемуваат количините на произведени вакцини, но дека другите не го прават тоа. „Фајзер“ вети дека ќе му даде на Ковакс 40 милиони вакцини оваа година, но само во втората половина на годината.

„Вакцините ни се потребни веднаш за да можеме да ги дистрибуираме што е можно побрзо“, вели Тедрос.

Тој исто така ги повика богатите земји кои имаат вишок вакцини да ги дистрибуираат на сиромашните.

Можете да прочитате

Путин до Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Уште една европска земја воведува туристички такси

Путин: Ако Киев стане нуклеарна сила, Русија ќе го употреби целото свое оружје против Украина