Утрински Весник
Свет

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на СЗО: Контрола над пандемијата е можна за неколку месеци, ако се почитуваат мерките

Директорот на Светската здравствена организација (СЗО), Тедрос Аданом Гебрејсус, денес изјави дека проблемот со пандемијата на Ковид-19 сè уште не е решен, но дека може да се стави под контрола за неколку месеци, преку докажаните мерки во заштитата на јавното здравство.

„Ројтерс“ пренесува дека Тедрос на денешната прес-конференција изјавил оти СЗО со нетрпение очекува општествата и економиите повторно да се отворат, а патувањата и трговијата да продолжат непречено, но дека во моментов одделите за интензивна нега во болниците во многу земји се пренатрупани и луѓето умираат, но и дека е апсолутно можно да се избегне тоа.

„Пандемијата на Ковид-19 е далеку од завршена, но имаме многу причини за оптимизам. Падот на бројот на нови инфекции и смртни случаи во текот на првите два месецa од годинава покажува дека овој вирус и неговите мутации можат да бидат запрени“, нагласил директорот на СЗО.

Тедрос исто така рекол дека зголемениот пренос на инфекцијата најмногу се должи на конфузија и недоследност во спроведувањето на мерките за заштита на јавното здравје.

Можете да прочитате

Нов силен земјотрес регистриран во југоисточен Авганистан

Вашингтон ја тужи администрацијата на Трамп поради распоредување на Националната гарда

Зеленски: Поканата на Путин значи дека тој не сака средба