Директорот на Секретаријатот на ЦЕФТА, г-дин Емир Џикиќ учествуваше на овогодинешниот Преспа форум за дијалог „Градење на иднината на Западниот Балкан во современата Eвропска безбедносна архитектура“.
На сесијата „65 години по Договорот од Рим: Дали Европа е целосно економски обновена и интегрирана?“, панелистите дискутираа за Заедничкиот регионален пазар и Економскиот инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, односно за начините како да се зајакне економското закрепнување, конвергентност и интеграција на регионот во Заедничкиот пазар на ЕУ, но, истовремено, се осврнаа и на итната потреба за преземање робустни економски, инфраструктурни и финансиски мерки како предуслов за успешно интегрирање во ЕУ.
„Зајакнувањето на економската соработка меѓу економиите од Западен Балкан е поважно од било кога. Лидерите од Западен Балкан презедоа силни заложби да придонесат за економскиот развој на регионот, но сега тие обврски бараат акција, едногласна насоченост и заеднички мотив. Исто така, клучно е да се задржи моментумот на опипливите резултати кои досега заедно ги постигнавме, нои да се развива потенцијалот за раст преку зајакнување на регионалната економска интеграција. 65 години од Договорот од Рим нè учи дека заедничкиот регионален пазар е вискински начин да се постигне целта. Фокусирајќи се на визијата за „идентичен ЕУ“ пазар оваа година поставивме амбициозни приоритети , со цел дополнително да ја олесниме трговијата на стоки и услуги меѓу ЦЕФТА страните, но и да развиеме нови механизми за подобрување на трговијата меѓу договорните страните“, истакна г-дин Џикиќ за време на сесијата.
Сесијата ја отворија Премиерот г-дин Димитар Ковачевски, а свое обраќање имаше и Еврокомесарот за соседство и проширување г-дин Оливер Вархеји. Меѓу панелистите беа премиери и министри од регионот и високи претставници на регионалните организации.
Учесниците ја истакнаа важноста на итната потреба за закрепнување на економијата, но се осврнаа и на важноста на соработката меѓу ЦЕФТА страните и забрзување на процесите во рамките на Заедничкиот регионален пазар.
„Колку побрзо почнеме да испорачуваме, толку поблиску ќе бидеме до Заедничкиот пазар на ЕУ, како што е потврдено во Економскиот инвестициски план. Нашите вредности и оние на ЕУ се на иста страна, па токму затоа можеме да придонесеме за нејзиниот напредок и просперитет. Инклузивна регионална и европска интеграција се само два дела од една иста економска реалност,“ додаде Џикиќ.
Имајќи го предвид фактот дека Европа е соочена со драматични настани, без преседан со нивно можно пошироко влијание на нашиот континент, второто издание на Преспа форумот за дијалог (ПФД) 2022 ќе ги опфати најгорливите безбедносни, политички и економски прашања со кои денес се соочуваат Европа и Западниот Балкан.
Со оглед на итната потреба за регионалната соработка и економското закрепнување, особено во контекст на Заедничкиот регионален пазар, Економскиот и инвестициски план на ЕУ за Западен Балкан, важноста на договорот ЦЕФТА е повеќе од неопходна во закрепнување и создавање на отпорно економско опкружување, но и одржувањето на стратешки партнерства во контекст на геополитичко будење.
Идејата на Преспа форумот за дијалог е да овозможи плодна интелектуална и политичка дебата преку формални и неформални состаноци, на кои што ќе се генерираат идеи за процеси, практични и можни решенија за отворени прашања од регионален и глобален карактер и ќе понуди суштински поттик за унапредување и збогатување на регионалната соработка.
ПР-текст