Утрински Весник
Спорт

Директорот на Интер: Икарди сака да остане во Париз

Директорот на Интер: Икарди сака да остане во Париз

Милано, 29 мај 2020 (МИА) – Спортскиот директор на Интер, Пјеро Аусилио зборуваше за напаѓачот на „нероазурите“ Мауро Икарди, кој е на позајмица во ПСЖ, како и за напаѓачот на Лајпциг, Тимо Вернер.

– Знам дека Икарди е среќен и сака да остане во Париз. ПСЖ може да ја искористи опцијата за откуп на играчот, кој истекува на 31 мај. Постои сума на која очигледно влијаеше и моменталната состојба во светот, па да видиме. Честопати разговараме со Леонардо, и знам дека играчот има потпишано договор што ќе му овозможи да остане таму. Ќе најдеме решение, изјави Аусилио.

Што се однесува до Вернер, секогаш го сакавме. Сепак, играчот нема да дојди во Интер. Јас ги знам причините, има неколку. Го познавам и мислењето на самиот фудбалер и неговата придружба. Точно е, тој има откупна клаузула, но тој нема да дојде, соопшти директорот на Интер. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Пандев и Омерагиќ: Започнува новата ера во македонскиот фудбал

Почна судскиот процес за изнуда на пари од Погба, меѓу обвинетите и неговиот брат

Навивачите на Баерн со порака за претседателот на ПСЖ