Утрински Весник
Македонија

Директорот на дебарската гимназија остатокот од платата ќе го донира во Фондот за борба против коронавирусот

Директорот на дебарската гимназија остатокот од платата ќе го донира во Фондот за борба против коронавирусот

Дебар, 29 април 2020 (МИА) – Директорот на дебарската гимназија „28 ноември“, Рамадан Имери, ќе задржи 14.500 денари, а остатокот од платата ќе го уплати во Фондот за борба против коронавирусот.

– Без оглед на одлуката на Уставниот суд на Република Северна Македонија, моето лично право не може никој да го укине. Поради тоа разликата од мојата плата до 14.500 денари ќе ја уплатам во фондот за борба против епидемијата од Ковид-19, напиша Имери на својот профил на Фејсбук.

Имери, кој претходно беше директор и на дебарската деветолетка „Пенестија“ се смета за еден од науспешните директори и професори во дебарскиот регион.

Тој е прв носител на функција во општината кој јавно соопшти дека се откажува од остатокот од од платата. вт/нд/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Жерновски до Митева: Владата никако да каже дали парите за авион ќе ги пренасочи за минималната плата

Да го вратиме Томба дома – Апел за помош за македонски граѓанин во Малта

Пендаровски со школа за млади професионалци од регионот