Утрински Весник
Свет

Директорката на ЦДЦ со убава вест: САД се на пат да излезат од пандемијата

Директорката на ЦДЦ со убава вест: САД се на пат да излезат од пандемијата

Директорката на Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), Рошел Валенски, изјави дека се чини дека САД се на пат да излезат од пандемијата, нагласувајќи дека последниот просек од седум дена на нови случаи на Ковид-19 и бројот на смртни случаи е најнизок од почетокот на пандемијата.

Валенски, сепак нагласи дека последните податоци покажуваат дека „сите треба да имаме претпазлив оптимизам“, пренесува „Гласот на Америка“.

Високиот советник на Белата куќа за Ковид-19, Енди Славит додаде уште една добра вест дека бројот на случаи се намалил минатата недела во сите 50 земји, исто така за прв пат во пандемија.

Иако стапката на вакцинација е забавена, Валенски рече дека САД продолжуваат да вакцинираат 1,5 и 2 милиони луѓе на ден. Таа изјави дека за помалку од една недела откако американската Администрација за храна и лекови и ЦДЦ одобрија и препорачаа употреба на вакцината на „Фајзер“ за адолесценти на возраст од 12 и повеќе години, повеќе од 600.000 млади луѓе ја примија вакцината.

Валенски додаде дека 60 проценти од Американците постари од 18 години примиле барем една доза вакцина, што е добар знак дека нацијата лесно ќе ја исполни целта на американскиот претседател Џо Бајден, 70% да има барем една доза од вакцината до 4ти јули.

Главниот медицински советник во Белата куќа, Ентони Фаучи, ги презентираше неодамнешните студии кои покажаа дека вакцините што моментално се достапни во САД се покажаа ефикасни во обезбедувањето заштита од соевите на вирусот, вклучувајќи ја и индиската варијанта.

Можете да прочитате

Во Велика Британија почна судски процес против тројца Бугари обвинети за шпионажа за Русија

Колумбија заплени рекордни 225 тони кокаин

Борел: Не можеме да го поткопуваме Меѓународниот кривичен суд