Утрински Весник
Македонија

Директорката на УЈП Лукаревска на средба со стопанственици од Крива Паланка

Директорката на УЈП Лукаревска на средба со стопанственици од Крива Паланка

Крива Паланка, 5 март 2020 (МИА) – Директорката на управата за јавни приходи Сања Лукаревска, попладнево оствари средба со стопанстевници и вработени од бизнис секторот во Крива Паланка на која се дискутираше на повеќе теми од даночната сфера со цел подобрување на условите за спроведување економски политики во државата.

– Нашата цел е да слушнеме непосредно од стопанствениците и даночните обврзници дали ние како даночен орган сме во добра насока на остварување партнерски однос со бизнис заедницата и како се задоволни од промените и новите мерки и проекти. Еден од поуспешните проекти е претпополнетата Годишна даночна пријава и доставата на истата за корекција до физичките лица, како и мерката мој ДДВ која веќе даде поврат на граѓаните и се надминуваат недостатоците на истата во од. Тука сме како институција за сите критики и препораки, сугестии за да ја унапредиме работата и да се надминат сите проблеми, рече Лукаревска.

Според Васе Недановски од УЈП, стратешките цели на управата се воспоставување нови услуги за граѓаните и востановување партнерски односи со даночните обврзници, поедноставени постапки, како и подобрување на даночната клима и даночната култура во Република Северна Македонија.

– Во 2019 година првпат е направен поврат на персонален данок на земјоделците кои во 2018 оствариле поголем приход од милион денари, со новината- пополнета даночна пријава 795.953 граѓани поднесоа ГДП преку Е -ПДД, со што се растеретени турканиците пред шалтерите на УЈП, направени се 714 контроли со утврдени 508 неправилности за фискалната политика во насока на сузбивање на сивата економија, воведен е мој ДДВ проектот, со кој во првото тримесечје на исплата регистрирани се 147.000 граѓани кои скенирале сметки, а октомври-декември 197.000 граѓани. Продолжи мерката за субвенционирање придонеси за социјално осигурување за зголемување на минималната плата на работниците, воведен е ваучер системот за донации во спорт на средства до 50 отсто од остварениот данок на приход, така што низа новини и мерки се реализираат за подобрување на даночната политика и култура во државата, рече Недановски.

На средбата беше кажано дека УЈП континуирано работи и на обука на вработените, иницира измени на законите во нејзина надлежност и спроведување владини мерки, но во континуитет и ги обучува правните и физички лица за новитетите во даночните процедури, разгледувајќи ги секогаш забелешките и сугестиите од страна на фирмите и граѓаните. ид/нд/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Обвинителство ќе организира средба со родителите на загинатите во Кочани

Последни подготовки за отворање на рехабилитацискиот центар на Пониква

Во Владата има „српски свет“ кој промовира руски наративи – велат од ДУИ