Утрински Весник
Македонија

Директен пренос од Велигденската богослужба од Плаошник во Охрид

Директен пренос од Велигденската богослужба од Плаошник во Охрид

Охрид, 13 април 2020 (МИА) – Најголемиот православен празник оваа година во Охрид ќе помине во сенка на мерките за справување со коронавирусот. Согласно препораките на здравствените власти за спречување на ширењето на болеста, Велгиденските богослужби ќе се вршат без присуство на верници.

Со цел празничната атмосфера да стигне во секој православен дом, на иницијатива на Лајонс-клубот „Лихнидос“, порталот „OhridNews“ и „Мега продукција“, а со благослов на Дебарско – кичевската епархија и поддршка на Град Охрид, преку „YouТube“ ќе се врши директен пренос од Велигденската богослужба во храмот Плаошник на 18 април со почеток во 23:30 часот, со која ќе чиноначалствува Владиката Тимотеј, со неколкумина свештеници.

Преносот ќе може да се следи на сите онлајн платформи преку паметни телефони, компјутер, смарт тв и други соодветни дигитални уреди. аб/рп/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хаос во Велес: Полицијата спречи стампедо при делење бесплатни јајца пред Велигден

ВЛЕН: Митовите за Ахмети се рушат како кула од карти

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање