Утрински Весник
Спорт

Дирго Карлос ја заврши сезоната

Бразилецот Диего Карлос за чии трансфер од Севилја, Астон Вила издвои 31.000.000 евра, ја заврши сезоната. Диего Карлос ќе мора да оди на операција поради повредата на на Ахиловата тетива.

dobivaj vesti na viber

Астон Вила денеска потврди дека Бразилецот се здобил со тешка повреда, дека мора да оди на операција и дека ќе паузира девет месеци. Ова значи дека за него сезоната е завршена.

Диего Карлос се повреди во саботата, во финишот на натпреварот со Евертон, кој Вила го доби со 2:1.

Ова е огромен удар за тимот на Стивен Џерард, бидејќи Диего Карлос беше едно од најзвучните засилувања. .

Ќе видиме дали сега Вила ќе тргне во офанзива за да донесе нов стопер.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина