Утрински Весник
Македонија

Дипломатскиот синдикат реагира за поведени дисциплински постапки за тројца дипломати

Дипломатскиот синдикат реагира за поведени дисциплински постапки за тројца дипломати

Скопје, 12 мај 2020 (МИА) – Македонскиот дипломатски синдикат при Конфедерацијата на слободни синдикати денеска обвини дека против тројца дипломати се водат дисциплински постапки поради тоа што имале настап на трибина посветена на македонската дијаспора. Од Синдикатот посочуваат дека станува збор за релативно млади квалитетни дипломати.

– Во постапката е потврдено дека овие тројца млади дипломати на ниту еден начин не го нарушиле угледот на куќата, ниту пак го нарушиле угледот на МНР. За грев им е земено само тоа, што за своите настапи не побарале согласност од министерот. Само тоа. Притоа, постапката се повикува на (не) славниот Етички кодекс на МНР, кој предвидува ваква обврска за вработените, велат од Синдикатот.

Оттаму информираат дека е поднесено барање до Уставниот суд за да се прогласи оваа одредба за ништовна.

– Не само што ваквата одредба на Етичкиот кодекс е спротивна на Кодексот донесен од МИОА, туку е во спротивност и со највисокиот акт на државата, Уставот, со кој недвосмислено се заштитени, како дел од основните човекови права и слободи, слободата на јавната мисла и правото на настап, оценуваат од Синдикатот.

Македонскиот дипломатски синдикат, како што се наведува, уште сега ги предлага тројцата дипломати за следната титула Дипломати на годината 2020. бак/лв/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Полициските хеликоптери фрлија над 110 тони вода врз пожарите во Старо Нагоричане и светиниколско

ВРЕДИ го брка ЗНАМ од Владата?

СДСМ: Државата гори, владата на Мицкоски потфрла, лоша е координацијата на тере