Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Дипломатскиот синдикат бара мерки за заштита на вработените во МНР и конзуларните претставништва

Отворање регионална школа за безбедност „Хибридните закани и нивниот импакт на демократијата – предизвици за регионална соработкa“
Dik 300x250 mk

Скопје, 12 март 2020 (МИА) – Македонскиот дипломатски синдикат го повика раководството на МНР да се придржува до Законот за административни службеници и побара преземање на мерки за заштита на вработените во Министерството за надворешни работи и во дипломатско-конзуларните претставништва.

– По природата на својата работа, вработените во Министерството за надворешни работи и во дипломатско-конзуларните претставништва во странство на дневна основа доаѓаат во фреквентна физичка комуникација со лица од странство и домашни лица кои престојувале во странство. Со тоа дипломатијата влегува во редот на ризични професии од повисок интензитет, велат од Синдикатот.

Според Синдикатот, раководството на МНР сè уште нема преземено елементарни мерки за заштита на вработените од ширење на коронавирусот и бараат да се преземат мерки барем за набавка на средства за дезинфекција.

– Најмалку што Министерството за надворешни работи може да направи за здравствена заштита на своите вработени е да одговори на барањата на Македонскиот дипломатски синдикат и конкретно да се активира на планот на превенција и заштита на вработените. Што поитно тоа го стори, штетата ќе биде помала, сметаат од Синдикатот. бак/дма/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Филипче: Владата на Мицкоски ја води државата во економски амбис, буџетска дупка од 1,4 милијарди евра

Неадекватното работење и криминалот на ДУИ ја урна куќата на Владо Малески, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: Венко на власт и Венко во опозиција е различен за 180 степени