Утрински Весник
Економија

Димковски: Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени

Димковски: Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени

Скопје, 27 март 2020 (МИА) – Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени. Во Платежната агенција денеска завршуваат последните проверки. Би ги замолил производителите за трпение, рече денеска министерот за земјоделство, Трајан Димковски.

Според него, и покрај очекуваната побрза динамика на исплата, состојбата со коронавирусот предизвика извесно забавување.

-Субвенциите за тутунот ќе бидат исплатени. Би ги замолил тутунарите за трпение. Очкувавме побрза динамика, но мора да се земе предвид состојбата со коронавирусот. Знаеме дека буџетското планирање е во делот на приходите кое треба да се очекува постојано, но во моментот поради ситуацијата имаме забавени приходи, фирмите се затворени, слаба е наплатата, а најголем дел од средствата доаѓа од ДДВ-то, рече Димковски. мч/са/

 

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Граѓаните ја „прокоцкале“ економијата? 2.8 милијарди евра оставени во казина и обложувалници

Германија стопираше 18.000 барања за работа поради исцрпена квота

СДСМ: Власта да го поддржи Законот за 600 евра плата