Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Димковски: Има заинтерсирана компанија од Турција за новата реколта тутун

Димковски: Има заинтерсирана компанија од Турција за новата реколта тутун
300x250 opst2

Прилеп, 29 февруари 2020 (МИА) – Официјално заврши откупот на тутунот од ланската реколта, а почнаа подготовките за новата реколтат тутун. На девеете откупувачи ќе им се придружи и уште една заинтересирана компанија од Турција, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водотопанство Трајан Димковски при денешната постеа на Тутунскиот комбинат во Прилеп.

Димкоски рече дека почнаа да се прават договорите помеѓу производителите и откупувачите и годинава нема повеќе бели картони.

-Веќе почнаа подготовките за новата реколта во 2020 година, почнува да се прават и договорите. Од годинава не важат белите картони, туку производителите со решенијата што ќе ги добијат од подрачните единици на Министерството за земјоделство, ќе може со откупувачите да прават нови договори. Регистерот на откупувачите се води во Министерството. Покрај  деветте регистрирани откупувачи, има уште една компанија од Турција која пројави интерес. Верувам брзо ќе се регистрира за да може да склучува договори со производителите за оваа реколта, изјави Димковски.

Тоа, потенцира значи дека интересот за тутунот се зголемува, бидејќи производителите со откупувачите почнуваат да разговараат за новите договори.

-Како Министерство сме тука за поддршка и медијација на разговорите за новата сезона да биде подготвена и да не се случуваат непредвидени работи, потенцира Димковски. вј/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Најстудено утрово во Лазарополе – 24info.mk

Виктор Спасески победник на „Поетски слем Македонија“

ОЈО Скопје поведе постапка за криумчарење луксузни автомобили во државава