Утрински Весник
Македонија

Димитров учествуваше на Управниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан

Димитров учествуваше на Управниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, учествуваше на состанокот на Управниот комитет на Инвестициската рамка за Западен Балкан, на кој што ги претстави плановите на Владата за спроведување на Економскиот инвестициски план, презентиран на денешниот состанок од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

„ Идниот понеделник ќе се одржи состанок на Националниот инвестициски комитет на кој за прв пат ќе претседава Премиерот и ќе се направи ревизија на единствената листа на проекти, а паралелно ќе се утврди и кои проекти соодветствуваат со Економскиот и инвестицискиот план“ кажа Димитров.

Тој на состанокот ја потенцираше важноста на Инвестициската рамка за Западен Балкан, потсетувајќи дека во Северна Македонија досега се финансирани 23 проекти во вредност од околу 2,1 милијарди евра во грантови и заеми, што е значителна поддршка во нашето портфолио на капитални инвестиции.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова ќе ги додели стипендиите „Борис Трајковски” за академската 2025/2026 година

Првите снегулки почнаа да паѓаат во Маврово 

Поради прославата на ВРЕДИ и Курти одложена претстава во Битолскиот театар