Утрински Весник
Македонија

Димитров: Стапи во сила Законот за ЈО, граѓаните ќе ја добијат правдата

Димитров: Стапи во сила Законот за ЈО, граѓаните ќе ја добијат правдата

Скопје, 30 јуни 2020 (МИА) – Кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ1, Никола Димитров  изјави дека денес е голем ден за правната држава и за жедта за правда на македонските граѓани, кога стапува во сила, како што рече, тешко донесениот двотретински Закон за ЈО, закон за којшто два еврокомесари и претходниот Хан и актуелниот Вархеј ни кажуваат дека е битен за нашата кандидатура во очите на Брисел, на ЕУ.

– Некои земји многу експлицитно бараа овој закон да биде донесен, како што е Холандија и посебно холандскиот Парламент, закон што после година и пол тешки преговори во обид за политички консензус се донесе со двотретинско мнозинство, меѓутоа без учеството на опозициската ДПМНЕ. Зошто велам голем ден? Прво, затоа што случаите поврзани со прислушкуваните разговори што ги истражуваше, подигнуваше обвиненија и одеше пред судовите поранешното СЈО заради овој закон нема да одат под килим. Второ, овој Закон овозможува јавните обвинители да не ги дираат политичките партии, туку самите обвинители, рече Димитров во изјава пред зградата на Јавното обвинителство.

Додека траеше изјавата на Димитров, портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски се уфрли во неговата изјава и го запраша дали ќе поднесе во Обвинителството да се испита содржината на снимката објавена на Јутјуб меѓу црногорскиот бизнимен Миодраг Давидовиќ и Зоран Милески Кичеец.

-Како што гледате почитувани граѓани, имаме и упад во прес-конференција не баре ова е дебата. Ова само покажува уште еднаш дека основната кауза на опозициската ДПМНЕ  е да бега од правда. Овој театар очигледно покажува најпластично зошто упаѓате. Јас пред некој ден кажав дека опозицијата прави шум за да не ја слушнат граѓаните вистинската порака. Еве и на камера како се случува овој шум, рече Димитров.

Повтори дека ќе има правда за граѓаните и оти, како што наведе, нема да се симнува на тоа ниво.

-И покрај сите ваши театри и обиди ќе има правда тогаш кога убедливо ќе бидете поразени и кога вашата агенда да немате одговорност, почесниот претседател да ви бега од правосилна пресуда. Ми треба посебен човек што ќе ми води евиденција против кого се води истрага, против кого има обвинение и против кого има правосилна пресуда. Зборот правда бара образ и ќе го добиете. Граѓаните ќе ја добијат правдата. А на ова ниво нема да паѓам. Ви благодарам што се појавивте, му одговори Димитров на Стоилковски. нд/лв/

Изјава на кандидатот за пратеник и носител на листа ИЕ1 од СДСМ, Никола Димитров

Posted by MИА.mk on Вторник, 30 јуни 2020

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме

На „Блаце“ и „Табановце“ се чека од 30 минути до 60 минути

Петровска на Годишната сесија на Парламентарното собрание на Нато во Канада