Утрински Весник
Македонија

Димитров – Рот: Потребна е европска солидарност во справувањето со Ковид-19 (ДПЛ)

Димитров – Рот: Потребна е европска солидарност во справувањето со Ковид-19 (ДПЛ)

Скопје, 19 март 2020 (МИА) – Европа мора да покаже солидарност во борбата против корнавирусот, кој нема национален идентитет, па затоа човештвото треба заедно да се справи со него, порачаа министерот за надворешни работи Никола Димитров и германскиот државен министер за Европа, Михаел Рот, кој денеска имаше „виртуелна работна посета“ на земјава.

Рот истакна дека сите граѓани на земјава треба да знаат оти не се оставени сами во справувањето со коронавирусот.

– Сега сме обвзрани на солидарност. Вирусот нема национален иденетитет и човештвото треба заедно да ја намине пандемијата, при што посилните треба да им помогнат на послабите, изјави Рот на заедничката видео прес-конференција со Димитров.

Рот нагласи дека приоритет на секоја земја е да ги заштити своите граѓани, при што мора да се води сметка за економските последици од пандемијата на Ковид-19 и да се обезбеди луѓето да не се плашат од болеста.

Рот истакна дека земјава презела стрикни мерки против коронавирусот, од кои некои се спроведуваат и во Германија и во други земји, изразувајќи надеж дека тие ќе придонесат „да останеме здрави и да ја сопреме пандемијата“.

Германскиот министер најави дека Берлин како поддршка за Светската здравствена организација (СЗО) ќе издавои со 50 милиони евра помош, нагласувајќи при тоа дека ЕУ треба да ја зголеми техничката поддршка за земјите од Западен Балкан.

– И кај нас има недостиг на техничка опрема, но луѓето каде и да живеат во Европа треба да останат здрави или да оздрават, изјави Рот, додавајќи дека голем проблем претставува враќањето дома на луѓето кои се заглавени во други земји, поради што е потребна соработка меѓу сите држави.

Димитров, од своја страна, порача дека пандемијата на Ковид-19 за само неколку дена го врати со децении наназад досегашниот светски поредок на тотална глобализација, поради што потребно е да се демонстрира пошироко европско заедништво и солидарност.

Шефот на дипломатијата повика земјите од регионот на Западен Балкан да бидат вклуечни во сите платформи на Унијата за справување со вирусот и побара од ЕУ да ја разгледа можноста за пренасочување на средства од ИПА фондовите за справување со социо-економските последици од пандемијата.

Димитров, исто така, апелираше на солидарност и помош меѓу државите во справувањето со проблемот со граѓаните загалавени на аеродроми и во меѓуграничните простори, при што потенцираше дека и покрај сите ограничување за патувањата, останува гарантиран слободниот премин на стока и движење на превозниците.

– Генерално, време е да покажеме европска солидарност, нагласи Димитров.

Во однос на средбата на Советот за општи работи и Самитот на ЕУ, најавни за идната недела, на кои се очекува да биде дадено зелено светло за старт на преговорите за членство со земјава и со Албанија, Димитров истакна дека донесувањето на таква одлука би било многу важно за да се покажа дека и во услови на пандемија „можеме да се бавиме и со други работи“.

Тој при тоа и се заблагодари Германија и посебно на Рот за подршката за европските перспективи на земјава.

Рот, од своја страна порача дека на ЕУ и е потребна одлука за почеток на преговори со земјава и со Албанија, додавајќи дека е оптимист оти следната недела лидерите на членките на Унијата ќе дадат зелено светло.

– Вашата земја испиша историја и со Преспанскиот договор испрати сигнал до целиот свет, до цела Европа, дека помирувањето е можно. Вие направивте храбри чекори, го променивте вашето име и развивте добрососедски односи со Бугарија. Конфликтот меѓу Грција и Северна Македонија можеше формално да биде решен и знам дека многу многу луѓе во вашата земја критички гледаа на тоа, па затоа Европската Унија треба да стои на своето ветување, рече Рот.

Тој нагласи дека сака да им се заблагодара на „храбрите личности“ Зоран Заев, Никола Димитров и другите претставници на поранешната Влада, кои „со многу храброст, многу волја и истрајност“ создадоа услови земјата да се најде пред добивање одлука за страт на преговорите.

Рот нагласи дека е свесен оти ланските одлкуки за одлагање на почетокот на преговарачкиот процес предизвика разочарување во земјава, но дека сепак Владата на земјава решително  ги продолжи потребните реформи.

– Продолжите понатаму. Не дозволивте да ве поведат национални тонови, кои што ги има и во вашата земја, рече Рот, додавајќи оти мора да се соработува за европската перспектива, па затоа ги охрабрува сите граѓани „да ги поддржат оние кои го даваат придонесот за таа перспектива“.

Тој истакна дека со новата метофологија успеале да ги убедат и скептиците во потребата за старт на преговите и изрази надеж дека следната недела ЕУ „ќе може да испорача и во услови на корона паника“.

– Ве молам за уште малку трпение и луѓето во Северна Македонија да почуставуваат дека ЕУ е со нив, додаде Рот. сп/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДЗС со само еден функционален авион: „Ер тракторот“ во Прилеп се користи превентивно

“МЕТЕОАЛАРМ” АКТУЕЛНА НАЈАВА И ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Следуваат обилни врнежи од дожд во Македонија, како и локално невреме

Уапсени девет дрвокрадци во Кичевско