Утрински Весник
Македонија

Димитров: Новата методологија ќе придонесе за интеграција во ЕУ според заслуга и конкретни реформи

Димитров: Новата методологија ќе придонесе за интеграција во ЕУ според заслуга и конкретни реформи

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров се сретна со амбасадорот на Франција, Кристијан Тимоние.

Димитров му се заблагодари на францускиот амбасадор во заминување за неговата лична посветеност и принципиелна работа во насока на развој на демократските и европските вредности во нашата земја, посакувајќи му успех во неговите професионални ангажмани.

„Една стратешка определба остваривме, станавме сојузници во НАТО. Верувам дека заеднички ќе работиме и на европското сојузништво“, истакна Димитров, нагласувајќи дека новата методологија креирана на француска иницијатива, не само што ќе му даде квалитет на процесот, туку ќе придонесе и за интеграција по заслуга, според имплементацијата на конкретни реформи.

Димитров изрази задоволство за најавата за вклучување на Северна Македонија меѓу географските приоритети за развојна соработка на Франција, во рамките на идните планови на француската Влада за земјите од Западен Балкан, што ќе придонесе за зајакнување на француското влијание како меѓународен актер за развој на регионот.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Филипче во Франција лобира за Македонија: Резолуцијата е гаранција за заштита на националните интереси

СДСМ: Нов скандал на власта, дали граѓаните ја плаќаат партиската кампања на ВМРО-ДПМНЕ

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините