Утрински Весник
Македонија

Димитров на средба со експерти од Естонија: Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација

Димитров на средба со експерти од Естонија: Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска имаше средба со тимот од Естонскиот центар за меѓународен развој и претставници од Амбасадата на САД во земјава, со што официјално се означи почетокот на проектот насочен кон унапредување на дигитализацијата на Северна Македонија, а кој се спроведува со финансиска поддршка од Естонија и САД, соопштија од Министерството за надворешни работи.

На средбата беа реафирмирани целите на проектот и беа прецизирани активностите кои ќе се спроведуваат во следниот период, при што вицепремиерот Димитров ја нагласи важноста на процесот на дигитализација во контекст на процесот на европска интеграција и се заблагодари за партнерството и поддршката со кои се унапредува принципот на добро управување.

„Дигитализацијата е важен аспект од процесот на европеизација бидејќи ќе се подобри квалитетот и ефикасноста во обезбедувањето на услуги за граѓаните, ќе се осигури континуитетот и непречена работа на институциите, но воедно е и успешна алатка во борбата против корупцијата. Пренесувањето на естонското искуство во соработка со стратешки партнер како што е САД е одлична можност да создадеме успешна дигитална приказна во Северна Македонија“, истакна Димитров.

Овој проект претставува прва трилатерална соработка меѓу Северна Македонија, Естонија и Соединетите Американски Држави, насочено кон поддршка на процесот на приближување кон европските стандарди и напредок во европската интеграција.

Во рамки на посетата, претставниците од Естонскиот центар за меѓународен развој ќе остварат средби со повеќе институции, меѓународни донатори, претставници од приватниот и граѓанскиот сектор кои се активни чинители во областа. Целта на овие средби е мапирање на состојбите во врска со дигитализацијата на процесите и услугите, како појдовна точка за понатамошно спроведување на проектот, а во петок, 24 септември, ќе се одржи и прес-конференција за претставување на проектните цели и активности.

Можете да прочитате

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија

На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија

Венко Крстевски ќе се кандидира како независен за градоначалник на Кочани