Утрински Весник
Македонија

Димитров на онлајн панел со германскиот министер Рот и албанскиот колега Цакај

Димитров: Важно е сите наши државјани надвор од земјава да се евидентираат во ДКП-ата за да им помогнеме
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 23 јуни 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров, заедно со германскиот државен министер за Европа Михаел Рот и албанскиот колега Гент Цакај, денеска ќе учествува на онлајн панел насловен „Што значи почетокот на пристапните преговори за Албанкија и Северна Македонија“, во организација на Фондацијата Фридрих Еберт.

Германија од 1 јули го преземе претседавањето со ЕУ и важи за силен поддржувач на проширувањето на Унијата со земјите од Западен Балкан. С Македонија и Албанија добија зелено светло за почеток на пристапните преговори со ЕУ на видео самитот во март, годинава. на кој доминираше пандемијата со коронавирусот и глобалните последици од неа.

Како што соопшти МНР, панелот со почетокот во 17 часот ќе може да се проследи он-лајн на линк: https://zoom.us/j/98804827200?pwd=eTBpUXlUZ0lQSjhzNEZ0NjlnamdQZz09  Password: 005862 или лајв-стриминг на фејсбук страната на Министерството за надворешни работи https://www.facebook.com/MFA.North.Macedonia/. вг/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Фото) Скопје ја дочекува Новата 2026 година со полн плоштад

Принцеза ја отвори 2026 година на ГАК

Мицкоски и Ѓеорѓиевски ја дочекаа Новата година со граѓаните на плоштадот во Скопје