Утрински Весник
Македонија

Димитров на онлајн дебата во коорганизација на Атлантскиот совет и Делфи форумот

Димитров на онлајн дебата во коорганизација на Атлантскиот совет и Делфи форумот

Скопје, 23 април 2020 (МИА) – Министерот за надворешни работи Никола Димитров денеска ќе учествува на онлајн видеоконференција во коорганизација на Економскиот форум во Делфи и Атлантскиот совет, насловена „Дипломатија во кризни времиња и други алатки за влијание во Југоисточна Европа во доба на КОВИД-19“.

Покрај министерот Димитров, соопштија од МНР, други учесници на виртуелниот панел се: Александрос Диакопулос, советник за национална безбедност во кабинетот на премиерот на Грција, Метју Палмер, заменик-помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија, Дејмон Вилсон, извршен потпретседател на Атлантскиот совет, и Катерина Соку, новинарка од грчкиот дневен весник Катимерини и дописничка од Вашингтон. цр/ев/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Десет пациенти од пожарот во Кочани примија ПРП терапија без да патуваат до Скопје

Филипче: Скопје е затрупано со ѓубре, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ го држат градот во заложништво

Минчев од седиштето на ReSPA: Регионалната соработка е двигател на европските реформи